Утрински Весник
Спорт

Обамејанг повторно ќе игра за Габон

Обамејанг повторно ќе игра за Габон

Напаѓачот на Челзи, Пјер-Емерик Обамејанг е блиску до враќање во репрезентацијата на Габон.

dobivaj vesti na viber

Тој и неговиот татко во вторникот се сретнаа со претседателот на оваа африканска земја, Али Бонго Ондимба, кој е голем фан на Обамејанг и успеал да го убеди повторно да го облече репрезентативниот дрес.

Обамејанг се повлече од националниот тим, во јуни минатата година. За 14 години првата ѕвезда на популарните „пантери“, постигна 30 гола на 72 натпревари. Во 2022 година ја зеде капитенската лента, а остана запаметен како стрелец на првиот гол за Габон на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

Како што сега стојат работите, на 33. годишна возраст, Пјер-Емерик ќе ги предводи своите репрезентативци на натпреварот против ДР Конго во јуни, во квалификациите за Африканскиот куп на нации.

Габон е лидер на табелата во групата И со седум бодови од четири натпревари и е на прагот да се пласира на завршниот турнир на 34. Куп на нации, кој ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари 2024 година во Брегот на Слоновата Коска.

Можете да прочитате

Влезниците за воведувањето на Федерер во тениската „Сала на славните“ распродадени за две минути

ЗОИ 2026: Норвешка и Италија со по 13 медали најуспешни по пет натпреварувачки дена

Меланија Грозданова под радарот на Атлетико Мадрид – скаути ќе ја следат во Белград