Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Објавено е интервју со Шумахер, станува збор за измама

Објавено е интервју со Шумахер, станува збор за измама
Img 7972

Во Германија избувна сериозен скандал бидејќи беше објавено наводно интервју со Михаел Шумахер, кој речиси 10 години е во кома.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот возач на Формула 1 имаше несреќа на скијање на 29 декември 2013 година и оттогаш се бори за живот и се обидува да се опорави.

Во текот на последната деценија немаше многу информации, се разбира Германецот не можеше да зборува од својата куќа на Женевското езеро, а семејството не дава никакви информации за неговата здравствена состојба.

Меѓутоа, сега излезе интервју со ознака „ексклузивно“, кое ги шокираше сите, а се покажа дека станува збор за измама.

Всушност, новинарите од германскиот сајт „Die Aktuelle“ користеле вештачка интелигенција за да поставуваат прашања како да станува збор за Шумахер.

Одговорите беа такви што легендарниот Шуми може да застане на нозе со помош на најблиските и дека без нивната поддршка немаше да ги преживее претходните години.

Поради користење на нерелевантни податоци од интернет заради користење на имагинацијата преку компјутерска програма, овој медиум се најде на голем удар во јавноста.

Намерата била да се зголеми тиражот, а се најавува дури и реакција на семејството Шумахер кое би можело да покрене тужба против овој медиум.

 

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг