Утрински Весник
Магазин

Објавени првите пет минути од новата сезона на Stranger Things

Image 2025 11 09 212433259.png

„Нетфликс“ ги објави првите пет минути од долгоочекуваната петта и последна сезона на хит серијата „Stranger Things“, дополнително поттикнувајќи ја возбудата кај обожавателите пред нејзината премиера овој месец.

Видеото ги враќа гледачите во 1983 година, на самиот почеток на приказната кога Вил Бајерс првпат исчезна. Премиерната епизода, насловена како „Ползењето“, започнува со сцена сместена во злокобниот The Upside Down, каде што во близина се крие Демогоргон.

Атмосферата станува исклучително напната кон крајот на клипот, кога се појавува главниот негативец Векна. Тој го заробува Вил, му се приближува и го допира по лицето со злокобните зборови: „Конечно, можеме да започнеме. Ти и јас, ќе правиме толку убави работи заедно.“

На премиерата, што се одржа во Холивуд, се собра целата екипа. Ѕвезди и гости прошетаа по црвениот тепих, меѓу кои и Мили Боби Браун, Дејвид Харбор, Винона Рајдер и многу други. Петтата сезона на „Stranger Things“ ќе започне да се емитува на 26 ноември

Можете да прочитате

Како изборот на храна влијае врз здравјето на цревата?

Пет хороскопски знаци со најголеми шанси за голема љубов во 2026 година

Совети и трикови како да си го олесните првиот триместар од бременоста