Утрински Весник
Свет

Објавена нова мапа од украинската офанзива во Русија

Cd88963a 3f64 46d0 B043 A82b1f8122f0.jpg

Русија премести дополнителни тенкови, артилериски и ракетни системи во јужниот регион Курск и воведе антитерористички мерки во пограничните области додека се бори со шокантниот упад на украинската војска на нејзина територија.

Украинските сили, во меѓувреме, објавија видео на кое наводно се гледа како тие го контролираат градот Сужоу во близина на границата, што е прв визуелен доказ за нивното прекугранично напредување.

„Градот е контролиран од вооружените сили на Украина, градот е мирен, сите згради се недопрени“, вели војникот во видеото, додавајќи дека стратешкиот објект на Газпром е под контрола на украинскиот баталјон.

Институтот за проучување на војната во извештајот соопшти дека геолокациските слики и руските пресметки покажале дека украинските сили продолжиле брзо да напредуваат. Имаше непотврдени извештаи од руски извори за Украинци дури 35 километри од границата.

Вчера беше објавена нова мапа од напредокот.

И ова е денешната. Се чини дека Русите успеаја да ги потиснат Украинците во две области.

Можете да прочитате

Кинеска ракета се распадна во вселената, во опасност се повеќе од 1000 сателити

Катар бара итна истрага за израелскиот напад врз училиште во Газа

Известител на ОН по израелскиот напад врз школо: Извршен е „геноцид“ врз Палестинците