Утрински Весник
Свет

Објавена фотографија од осомничениот за бруталното убиство на тиктокерката Ноа

Објавена фотографија од осомничениот за бруталното убиство на тиктокерката Ноа

Ноа Миливојев (18), по која се трагаше 20 дена, во четвртокот попладне е пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, а за нејзиното убиство е уапсен Огњен Д. (33).

dobivaj vesti na viber

Огњен Д. од самиот почеток беше осомничен и тој беше сослушан во рамките на истрагата за исчезнувањето на Ноа.

Тој е осомничен за тешко убиство извршено на брутален начин.

Ноа Миливојев е трансродова личност, а е родена во Ковиле кај Нови Сад. На нејзиниот профил на социјалните мрежи, најмногу на „Тик-ток“, ја следеа голем број луѓе со кои споделуваше детали од својот живот.

Нејзиното тело беше пронајдено вчера во стан во центарот на Белград.

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда