Утрински Весник
Македонија

Објавен ревизорскиот извештај за Министерството за транспорт и врски

20240628095728 Big 730x400 85.webp.webp

Државниот завод за ревизија ги објави ревизорските извештаи за Министерството за транспорт и врски. 

Како клучни утврдени состојби се посочува дека во финансиските извештаи за нематеријални средства се евидентирани идејни решенија и физибилити студија за кои не е обезбедена документација, а во рамки на материјалните средства во подготовка евидентирани се градежни објекти кои завршени минатите години и кои со години се во употреба, без да се изврши нивно примопредавање на општините.

– Кај пописот на нематеријалните средства и дел од материјалните средства – градежни објекти не е направено усогласување на сметководствената состојба со фактичката состојба утврдена со пописот, се посочува во извештајот.

Како системки слабости се посочува дека со одлука на Владата во август 2018 година за пренос на акции, МТВ станува сопственик на операторот на електро-преносниот систем (АД МЕПСО) како резултат на сопственичко раздвојување на операторот од Владата, како и тоа дека има помалку издвоени средства од предвиденото законско право за железничка инфраструктура.

Можете да прочитате

Два часа се чека на „Табановце“ за влез во Македонија

Лажен оглас за бесплатен курс по Англиски јазик од Владата кружи на социјалните мрежи

Скопјанец донесен избоден во Градска болница