Утрински Весник
Македонија

Објавен конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2024“

Screenshot 20250122 165553 Messenger.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го објави конкурсот за новинарските награди „Никола Младенов 2024“. Ќе бидат доделени награди во следните категории: најдобра истражувачка сторија – прва, втора и трета награда, најиновативен новинарски производ (една награда) и најдобра репортерска фотографија (една награда).

Како што информира МИМ, конкурсот е отворен до 17 февруари 2025 година. Може да се пријават сите новинари и фоторепортери кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив.


Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2024 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во земјава.

Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу три различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози.

Секој фоторепортер може да учествува со најмногу три фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција. На конкурсот се прифатливи и фотографии објавени во странски медиуми, но тие треба да се однесуваат на теми и на настани со новинарска тежина/значење што ја одбележале претходната (2024) година во Северна Македонија.

Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање може да најдат на веб-страницата на МИМ:

www. mim.org.mk/novosti/5880-novinarski-nagradi-nikola-mladenov-2024/

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче