Утрински Весник
Економија

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка на мали производители на вино

Објавен јавниот повик за финансиска поддршка на мали производители на вино

Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик за прибирање на барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50.000 литри.

dobivaj vesti na viber

Предмет на овој јавен повик е неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на вино.

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и се регистрирани како производители на вино во Регистарот на производители на вино при Министерството, со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно.

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ. поддршката е наменета за трошоци за набавка на опрема за производство на вино (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% од висината на вкупната поддршка и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (енолог) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Барањето за грант заедно со останатите документи дефинирани во повикот, треба се доставуваат во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. Барањето, деловниот план и изјавата за двојно финансирање, за неповратната финансиска поддршка од Програмата се во прилог на повикот и може да се обезбедат преку веб страната на министерството: www.mzsv.gov.mk.

Право на учество немаат субјектите кои биле корисници на финансиска поддршка и им биле доделени средства од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино од 2022 година.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно заклучно со 01. април 2023 година.

Да потсетиме дека минатата година вкупно 59 мали винарии ја искористија оваа мерка и добија грант до 10.000 евра, поддршка со која го модернизираа и развија своето производство.

Повеќе Информации за потребни документи, условите кои треба да се исполнат, постапката и начинот на избор може да се обезбедат од веб страната на МЗШВ на следниов линк.

Можете да прочитате

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена