Утрински Весник
Магазин

Објавата на Меси по финалето собра највеќе лајкови во историјата на Инстаграм

Објавата на Меси по финалето собра највеќе лајкови во историјата на Инстаграм
Dik 300x250 mk

Објавата која Лионел Меси ја сподели на „Инстаграм“ откако Аргентина го освои Светското првенство во Катар стана најлајкуваната објава во историјата на социјалната мрежа.

dobivaj vesti na viber

Во моментов има 58 милиони лајкови. Со тоа го престигна популарното јајце кое досега има собрано 56.2 милиони лајкови.

„Светски шампиони! Толку често сонував за ова, не ми се верува. Благодарност до моето семејство, на сите што ме поддржуваат и на сите што веруваа во нас. Покажавме дека сме способни да го постигнеме она што го зацртавме. Ова е силата на секој што се бори за ист сон. И ова беше сон на сите Аргентинци. Успеавме! Одиме, Аргентина!“, напиша фудбалерот во описот на најпопуларната објава во моментов.

Откако го освои златото на Светското првенство, Меси објави 10 фотографии на кои го држи трофејот и слави во Катар. По големата победа расте бројот на следачи на Инстаграм за славниот фудбалер.

Неговиот профил моментно го следат 402 милиони корисници на социјалната мрежа. Сепак, Кристијано Роналдо и понатаму е најследената личност на Инстаграм. Во моментов го следат 519 милиони луѓе.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Светиот маченик Нестор

Три хороскопски знаци што привлекуваат богатство без многу труд

Ватс ап стигна и на Ејпл Воч