Утрински Весник
Македонија

„O2 Иницијатива“: Од депонијата во Буково, се шири чад до Ресен, Преспа и Охрид , се добива нагон на повраќање

„O2 Иницијатива“: Од депонијата во Буково, се шири чад до Ресен, Преспа и Охрид , се добива нагон на повраќање

Како и секое лето, така и ова, депонијата во Буково гори и шири токсичен чад до Ресен, Преспа, Охрид и сите т.н. воздушни бањи стануваат токсични. Ова го посочија еко-активистите од „O2 Иницијатива“. Како што велат, од чадот се добива нагон на повраќање.

dobivaj vesti na viber

„Од Центарот за јавно здравје во Охрид издадоа апел за граѓаните и туристите, да внимаваат и ако почуствуваат мирис на чад во утринските часови и навечер, да ги затворат прозорците, да останат во своите домови и да избегнуваат директно вдишување.

Решавањето на овој проблем оди преспоро, изградбата на регионалната депонија во Новаци треба да започне дури во 2024, а кога ќе заврши кој знае. До тогаш Буково ќе гори и сите места во околината ќе се трујат во најдиректна смисла на овој збор“, велат од „O2 Иницијатива“.

И денеска продолжија напорите за гаснење на пожарот на депонија „Буково“, каде што се исфрла комуналниот отпад од Охрид.

Непријатната миризба се чувствува во градот, кој е во екот на својата туристичка сезона, а граѓаните се жалат дека градот мириса неподносливо.

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош