Жоао Феликс (23) не успева да најде нов клуб. Пред четири години Атлетико Мадрид го урна клупскиот рекорд кога и плати 126 милиони евра од Бенфика, но во Мадрид не успеа да се наметне.
Феликс, вториот дел од минатата сезона го мина на позајмица во Челзи, но по доаѓањето на Маурисио Покетино „сините“ му соопштија дека нема да го откупат неговиот договор.
Тогаш Феликс и се понуди на Барселона, но ниту Чави не беше воодушевен од една таква опција. Но со таа негова изјава тој го навлече гневот на нанвивачите на Атлетико.
Јасно е дека за него нема место во тимот на Диего Симеоне, а во Европа никој не покажува интерес за него. „О Жого“ пишува дека Феликс е на прагот на изненадувачки трансфер во Ал Хилал.
Тренер на Ал Хилал е Хорхе Жесус, кај кого Феликс доби шанса да дебитра за првиот тим на бенфика. „О Жого“ дознава дека преговорите се во напредна фаза.
Не е познато колкава сума нудат од Ал Хилал за Феликс. Неговата вредност според „Трансфермарк“ изнесува 50 милиони евра.
Договорот на Феликс со Атлетико трае до летото 2027 година.