Утрински Весник
Спорт

О’Саливен испиша историја во снукерот

20260320120908 big 730x400 74.webp.webp

Седумкратниот светски првак во снукер, Рони О’Саливен, постави денеска нов рекорд во историјата на овој спорт, забележувајќи го највисокиот максимален брејк во професионалниот снукер со 153 поени на Светскиот куп во Јушан.

Педесетгодишниот О’Саливен дојде до рекордот во првиот фрејм од неговиот четвртфинален дуел со Рајан Деј, отворајќи го патот до убедлива победа од 5-0.


Претходниот рекорд од 148 поени го постави Џејми Барнет во квалификациите за првенството на Велика Британија во 2004 година.

Противник на О’Саливен во полуфиналето ќе биде Кинезот Ву Џизе, кој со 5:1 го победи во четвртфиналето Ирецот Марк Ален.

Можете да прочитате

Рекордни 60 поени на Дончиќ во дресот на Лејкерс

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико