Утрински Весник
Македонија
Img 7972

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Screenshot 2025 10 07 150721.jpg
Img 7972

Двајца обвинители од Основното јавното обвинителство Куманово вршат увид на местото на оружениот инцидент  во центарот на Куманово, во кој е повредено едно лице. Според ЈОРСМ, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности.

-Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, соопшти Обвинителството.


Повредениот е З.Ш. лекар по професија, вработен на Клиниката за пулмологија. Тој е актуелен претседател на Советот на општина Липково и е носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори.

Директорот на кумановската општа болница, Сашо Стошевски претходно изјави дека повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност, а по завршените првични медицински иследувања е пратен за Скопје.

-Кај нас е донесено лицето со иницијали З.Ш. со четири прострелни рани во пределот на левата подлактница и десно колено. Направени се сите иследувања кај нас согласно сите протоколи за лекување. Лицето е вон животна опасност и е пренесено веднаш на Клиника за трауматологија во Скопје, изјави Стошевски.

МВР соопшти дека инцидентот се случи денеска во 13.54 часот во СВР Куманово на крстосница од улицата „Димитрије Туцовиќ“ со ул. „11 Октомври“ во Куманово.

-Две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф“, управувано од З.Ш.(43) од с. Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

Можете да прочитате

Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип, набавени рекордни 80.000 дози

Мерко даде завршни зборови за незаконското поставување директор во Велешта, пресуда в понеделник

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи