Утрински Весник
Македонија

ОЈО не се откажува од гонење на ДНК за пиротехниката

Ljupco Kocevski.jpg

Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е оној којшто ја носел притоехниката имајќи предвид дека и претходно во таа дискотека се организирале пиротехнички шоуа и дали Обвинителството истражуваше кој е тој којшто ја продал оваа нелегална пиротехника, дали е можеби фирма од Струмица? Ова беше прашањето кое Инфомакс го постави на денешната прес-конференција на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– Обвинителството е сигурно во тоа и затоа поднесе обвинение, кој, што, како и на кој начин ја внел и набавил пиротехниката. Ова е дел од обвинението кое содржи 40 страници и точно е наведено се. Се е истражувано и тоа во текот на постапката ќе се докаже, обвинението е засновано на докази, вели Коцевски кој потврди дека ОЈО тврди дека ДНК ја донеле пиротехниката, а детали ќе бидат изнесени за време на судскиот процес.


Извор: Инфомакс

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна