Утрински Весник
Македонија

ОЈО го повлекло обвинението, запрена постапката против Лазар Нанев

Lazar nanev.jpg

Запрена е кривичната постапка против разрешениот судија Лазар Нанев, соопшти Основниот суд Велес на својата официјална веб-страница.

Од Судот информираат дека по предметот К.бр. 224/25, кој се водел против Л.Н. од Кавадарци за кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик, е донесено решение со кое постапката се запира.


„Постапката поведена по обвинителен предлог III КО.бр.46/25 од 23.06.2025 година на ОЈО Велес против обвинетиот Л.Н. од Кавадарци, за кривично дело Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 од КЗ, се запира“, стои во соопштението на Основниот суд Велес.

Како што наведуваат од Судот, ваквото решение е донесено врз основа на член 62 став 2 од Законот за кривична постапка, откако Основното јавно обвинителство Велес со писмен поднесок од 2 март 2026 година го известило судот дека го повлекува обвинителниот предлог и се откажува од понатамошно гонење.

Лазар Нанев е поранешен судија и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци. На 16 октомври 2024 година, Судскиот совет го разреши од судиската функција по дисциплинска постапка, поврзана со 97 телефонски контакти во краток временски период со обвинет во предмет што го водел.

Покрај тоа, против Нанев била поднесена и пријава од обвинителка од Кавадарци, која се однесувала на наводни притисоци и недолично однесување.

Можете да прочитате

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од погодените земји на Блискиот Исток

Врховниот суд ја потврди казната за Јованов од 13 години во случајот „Кулакова“

Макрадули загрижен за СДСМ, молкот не е решение