Утрински Весник
Македонија

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Img 3436.jpeg

Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка поради националистички скандирања што вчера се слушале од трибините за време на кошаркарскиот натпревар Македонија – Романија, одигран во спортската сала во Куманово. Настанот го засенчија навредливите повици кои, според Обвинителството, содржеле елементи на говор на омраза.

Од ОЈО Куманово информираат дека до СВР Куманово издале повеќе наредби и насоки, меѓу кои и обезбедување снимки од видео надзор со цел идентификација на сторителите.


„Се испитуваат сите околности околу скандирањата и се утврдува дали има елементи на кривично дело,“ соопштија од Обвинителството.

Инцидентот се случил во присуство на владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, кој го следел натпреварот заедно со кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски. На трибините биле и министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ и други високи државни претставници.

Натпреварот се одржа на Илинден и воедно ја означи повторната свечена употреба на спортската сала во Куманово по реконструкцијата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Мицкоски и Филипче е небо и земја, не ја научија лекцијата предавана од народот

Од 45 до 500 евра изнесуваат казните преку „Безбеден град“

„Не се дишеше, беше пекол“ ново сведоштво за трагедијата во Кочани