Утрински Весник
Македонија

ОЈО бара притвор за лицето кое при обидот да биде запрено се дало во бегство и од автомобилот фрлило јакна со два пиштоли и муниција

Ojo.jpg

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик. Против 29-годишниот скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција – 2 полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив. Кога полициски службеници на булеварот “Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна. Јавниот обвинител ја предложи притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото.

Можете да прочитате

СДСМ идната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар 

Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на државниот буџет од над 94 милиони евра