Утрински Весник
Македонија

ОЈО: Арсовска како службено лице да ги посочи парцелите за коишто се сомнева дека има незаконитости

Obvinitelstvo 1.jpeg

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известување од СВР Скопје и издаде повеќе наредби по кои веќе се преземаат дејствија, информираат од Обвинителството во врска со тоа дали досега јавен обвинител обезбедил докази од општина Чаир поврзани со наводите на скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

– Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно за да може да постапува обвинителството и да спречи евентуално компромитирање на доказниот материјал, соопштуваат од Обвинителството. 


Во однос на заканите, посочуваат од Обвинителството, Министерството за внатрешни работи е орган директно надлежен за заштита на животот на граѓаните, како и за откривање и спречување на тие што го загрозуваат.

-ОЈО Скопје е на располагање преку дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака градоначалничката, да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, наведуваат од обвинителството. 

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го обвинува градоначалникот на Чаир Висар Ганиу за кримина и за легализација на дивоградби, а синоќа во телевизиско интервју рече дека добива и закани по живот.

Можете да прочитате

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

И синот на Филипче матурант: “Животот ќе ти зависи од одлуките кои ги носиш”

Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори