Утрински Весник
Македонија

ОЈО ја запира истрагата за Карадакоски, починатиот управител на „Пулс“

Obvinitelstvo 1.jpeg
Dik 300x250 mk

Обвинителите кои ја водат истрагата за кочанската трагедија го информираа колегиумот за досега преземените чекори, методите на истражување и стручните аспекти што ги имаат предвид во постапката.

Стручниот колегиум на Јавното обвинителство ја потврди својата целосна поддршка за досегашната работа на истражниот тим. Обвинителите паралелно спроведуваат истражна и предистражна постапка со широка опфатеност, со цел да се утврди целосната одговорност за трагичниот настан. Од ЈО нагласуваат дека сите нивни капацитети се ставени на располагање за ефикасно завршување на истрагата.


Во меѓувреме, со смртта на 60-та жртва од пожарот, која воедно беше еден од осомничените во случајот, обвинителството најави дека по прибавување на официјалната документација ќе донесе наредба за запирање на истражната постапка за него.

Можете да прочитате

Скопје го предводи порастот на хипотеки – над 1.500 впишани за три месеци

Препакувале и продавале марихуана и кокаин – Кривична пријава против двајца охриѓани

Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот скандал, негова блиска соработничка е меѓу осомничените?