Утрински Весник
Економија

Oштетените штедачи од Еуростандард неделава на средба со Заев

Oштетените штедачи од Еуростандард неделава на средба со Заев

Оштетените птедачи од Еуростандард банка потврдија дека неделава, на предлог и иницијатива на службите на Владата, договориле средба со премиерот Зоран Заев.

Тие очекуваат на состанокот да биде потврдено позитивното расположение за да се донесе закон за обештетување, што сметаат дека ќе ја исправи неправдата која им е нанесена на штедачите, правните и фзичките лица, граѓаните и државата.

На тој начин, велат оштетените штедачи, ќе создаде основа државата да ги употреби сите механизми да ги открие криминалие во и околу Еуростандард банка и да ги спречи таквите појави во иднина, со што навистина ќе се потврди владеењето на правото и стабилноста на банкарскиот систем.

„После мирниот протест на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка, за време на на кој претставниците на здружението имаа и средба со сите релевантни политички партии, при што им беше предаден предлогот за Закон за обештетување на сите кои останаа како жртви на криминалот во банката, согласно договореното на тој состанок минатата недела се одржа уште еден работен состанок за да се потврдат динамиката и процесот на носење на законот. На овој состанок, присуствуваа г-динот Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и г-динот Апасиев од Левица, при што ни беше презентирана доработената верзија на законот, во насока на усогласување со законските регулативи. Исто така, претставниците на овие две партии ни потврдија дека е иницирана надзорна собраниска расправа за случувањата во банката и работењето на НБРМ поврзано со случувањата во банката, што е од големо значење и вистински чекор во насока на обелоденување и разоткривање на криминалите кои таму се случувале.
За жал, на овој состанок со пратениците, од за нас непознати причини, не присуствуваа пратениците од владеачката партија, иако присуството на сите партии беше договорено и потврдено уште на претходниот состанок, кога го доставивме нашиот предлог закон“, додаваат оштетените штедачи во допис до медиумите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk