Утрински Весник
Македонија

Oсмани: Крајна цел е да станеме европска држава, преговорите со Бугарија треба да се водат со ладна глава

Oсмани: Крајна цел е да станеме европска држава, преговорите со Бугарија треба да се водат со ладна глава

Имам крајна цел – оваа држава да стене еворпска држава, да ги нормализира односите со соседите и да го зачува тоа што е најважно за граѓаните, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на брифинг со новинарите, говорејќи за преговорите со Бугарија.

Според министерот, во делувањето повеќе е потребна мудрост, отколку емоции.

„Оваа работа или ќе ја водите со глава или со срце. Со срце можеби ќе ви донесе некаква попоуларност во моментот, но на крајот нема да не води таму каде што сакаме. Затоа, оваа работа мора да биде со ладна глава и жешко срце, само така ќе може да го надминеме. Но, граѓаните може да бидат спокојни дека нема да дозволиме ништо што е суштински идентитетски за нив да се повреди“, рече Османи.

Додаде дека нема да прави политиканство од теми што се суштиснки за граѓаните. Шефот на дипломатијата рече дека позициите со Бугарија се’ уште се различни, a најважното прашање за нас се идентитетските прашања во преговарачката рамка како европски решенија, додека за Бугарите најважно прашање е прашањето на бугарската зедница во Северна Македонија. Тоа, вели Османи, го идентификува патот по кој треба да се движи овој процес.

„Пакетот политички прашања ги опфаќа прашањата што се важни за нас, две се важни барања за нас, а тоа е прифаќање на преговарачката рамка, како што е предложено од страна Европската комисија, посебно во однос на идентитетските атрибути и почетокот на преговори. Од страна на Бугарија се прашањата по однос на правото на самоопределување врз основа на државното уредување, говор на омраза и рехабилитација на жртви на комунизмот. Тоа се пакет прашања во кои се вклучени елементи од едната или другата страна“, додаде Османи,

 

Министерот најави дека на 17 февруари се очекува да се одржи состанок на четвртата работна група за образовани и култура, како и на третата работна група за европски интеграции, зелена агенда и дигитализација. По 20 февруари ќе се одржи и втората средба на експертите од министерствата за надворешн работи на двете земји во Скопје.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“