Утрински Весник
Македонија

Oпштина Велес ги дезинфицира јавните површини во градот

Извршена дезинфекција на улици, јавни површини и урбана опрема во Струмица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес 18 март 2020 (МИА)Општина Велес и ЈКП „Дервен” со засилено темпо спроведуваат активности за чистење, миење и дезинфекција на јавните површини во градот поради ситуацијата со вирусот КОВИД-19.

На фреквентните јавни површини околу плоштад „С’рмаале” и пристапите до банките во централното градско подрачје денеска се изврши чистење и рачно дезинфицирање, додека пак машинската дезинфекција продолжува по однапред утврден план за дезинфекција. Исто така дезинфицирани се и парковските површини и детските игралишта.

Општина Велес им препорачува на граѓаните да останат дома со што заеднички ќе покажат висока свест и позитивен пример. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова – Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

Амандманска расправа за предлог законот за Судскиот совет

МВР со највисока доверба кај граѓаните во борбата против корупцијата