Канцеларијата за човекови права на ОН ги ажурираше бројките на жртвите во руската инвазија на Украина. Најмалку 364 цивили, меѓу кои 25 деца, се убиени од 24 февруари, кога започна рускиот напад. Ранети се 759 цивили, соопштија ОН.
Но, вистинските бројки се „веројатно многу повисоки“.
„Повеќето цивилни жртви беа предизвикани од употреба на експлозивно оружје, вклучувајќи артилерија, повеќецевни ракетни фрлачи, проектили и воздушни напади“, соопшти канцеларијата на ОН.