Утрински Весник
Свет
Img 7972

Oколу 2.000 новозаразени и 191 починати од коронавирус во Бугарија

Oколу 2.000 новозаразени и 191 починати од коронавирус во Бугарија
300x250 opst2

Во Бугарија потврдени се 1.959 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а 191 лице починале.

Од последниот пресек, тестирани се 6.113 лица.

Во моментот има 7.034 пациенти во болниците, од кои 570 се на интензивна нега, пренесува „ТАСС“.

Досега се заразени 8.178 медицински работници, а земјата се соочува со недостиг на персонал во болниците, поради што се ангажирани волонтери, вклучително и студенти по медицина и општи лекари.

Од почетокот на епидемијата, 186.240 лица се заразени во Бугарија, а 6.196 починале.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Синоптичарите алармираат: Европа пред најстудената зима во последните години

Трагедија: Мајка ја удавила својата двегодишна ќерка, па се јавила во полиција и лажела

Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв