Утрински Весник
Македонија

Oколината на „Русино“ ќе се санира со систем за третман на исцедокот од депонијата

Oколината на „Русино“ ќе се санира со систем за третман на исцедокот од депонијата

Ќе се санира околината на депонијата „Русино“ во Гостивар. Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска најави дека по усвојувањето на заклучок на Владата, Центарот за развој на Полошкиот плански регион ги ангажирал изведувачите „Пелагонија“ и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар кои ќе треба изградат систем за третман на исцедокот, со насип кој ќе спречува влевање на атмосферски води во веќе депонираниот отпад, канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во постоечката депонија.

Во рамките на брзите мерки за санација на депонијата ќе се гради и административна куќарка за вработените, вага за мерење на возилата кои транспортираат отпад за депонирање и делница каде ќе се постави вагата, за што се обезбедени средства преку Проектот за воспоставување на новиот регионален самоодржлив систем за управување со комунален отпад во целиот Полошки регион преку грант од Швајцарската Влада за Владата на Македонија од 1,9 милиони швајцарски франци.

Овие активности, инфомираат од Министерството за животна средина, досега не беа спроведени поради административно одоговлекување на постапките. Инаку, досега во рамките на проектот изработен е Регионалниот план за управување со отпад за Полошкиот регион, Стратешка оцена на животната средина на планот, Физибилити студија, Оцена на влијанието врз животната средина и други проекти, а подготвена е и документацијата за основање на Регионално јавно претпријатие за управување со отпад за Полошкиот регион кое ќе управува со идната регионална депонија, а ќе се финансира сразмерно од страна на секоја општина.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија