Утрински Весник
Економија

Oд утре почнува исплатата на јулските пензии

Oд утре почнува исплатата на јулските пензии

Исплатата на пензии за месец јули почнува од утре, 28 јули. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што се реализира четврти месец по ред, се озвожува поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот .

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во вторник, на 28.07.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 29.07.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 30.07.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 31.07.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 28 јули. Тие можат да ја подигнат јулската пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

МТСП потсетува на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија