Утрински Весник
Економија

Oд полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 и на мазутот

Oд полноќ  се намалува цената на Еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 % во однос на Одлуката од 10.05.2021 година.

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар. Малопродажните цени на бензинот Еуросупре БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.

Од 18.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95 68,00 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС -98 70,00 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,596 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82%, кај дизелот има зголемување за 1,048% и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35%, додека кај мазутот има намалување за 1,856%, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можете да прочитате

Итно зголемување на минималецот на 500 евра бара ССМ од пратениците

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка

Трипуновски: Исплатени над 407 милиони денари на скоро 8.000 земјоделци