Утрински Весник
Македонија

Oд полноќ почнува предизборниот молк и ќе трае до среда до 21 часот

Уште два дена кампања

Предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда, ќе заврши вечерва на полноќ.

Утре ќе гласаат лицата со ковид-19 и во самоизолација, на 14 јули (вторник) болните, немоќните, хронично болните и лицата во затворите и во домашен притвор.

Поради состојбата со ковид-19 за остварување на правото на глас на лицата позитивни на болеста и во самоизолација формирани се околу стотина здравствени избирачки одбори составени од по тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

На гласање на 15 јули, сите 3.840 избирачки места ќе бидат дезинфицирани од ДИК. Согласно протоколот, секој гласач е должен да држи растојание од два метра пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место. Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска.

Молкот ќе заврши в среда во 21 часот кога ќе се затворат гласачките места.

Денот на одржувањето на изборите ќе биде неработен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца