Утрински Весник
Македонија

Oблачно со утринска магла и температури до 13 степени

Oблачно со утринска магла и температури до 13 степени
Dik 300x250 mk

Времето денеска ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, претпладне облачно со појава на магла и ниска облачност, кои во текот на денот ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и суво време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

МВР: Лажни дојави за бомби во 45 училишта во Скопје и Куманово

Арсовска до Мицкоски: Кој ќе го исчисти градот сега, диктатору?

Мицкоски: Без разлика на етничката, верската и политичката припадност, на 2 ноември да се обединиме во Кичево