Утрински Весник
Македонија

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд

Oблачно со повремени локални врнежи од дожд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Утринската температура ќе се движи од 6 до 12, а дневната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, според УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за повремен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 21 степен.

Во понеделник ќе продолжи да дува засилен северен ветер. Потоа ќе настапи стабилизирање на времето, освен во среда, кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд. бк/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа кај Брвеница