Утрински Весник
Македонија

Oблачно време со врнежи од снег

Oблачно време со врнежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени, јави УХМР.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Минималната температура ќе биде околу 0, а максималната ќе достигне само до 4 степени.

Утре и во среда ќе дува умерен до силен северен ветер најизразен долж Повардарието и ќе има услови за повремен снег на планините и повисоките места. На пониските места ќе има повремен дожд кој ќе преминува во снег. Во деновите од работната недела ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

За првпат државата го проби рокот за исплата од „МојДДВ“, дел од скенирачите на сметки останаа без пари

Сообраќајно недоразбирање завршило со убодна рана во Тетово

Поради обилни врнежи од дожд повторно надојде Калковска Река, сообраќајот е пренасочен