Утрински Весник
Македонија

Oбвинение за лицето кое шверцуваше кокаин во пакети со банани

Oбвинение за лицето кое шверцуваше кокаин во пакети со банани

Скопското обвинителство покрена обвинение против едно лице во врска со случајот со кокаинот кој беше откриен во пакети со банани.

Тој се товари дека на 19 февруари а во селото Крушопек, општина Сарај неовластено заради продажба држел кокаин со тежина од 1001 грам.

Дрогата беше откриена при извршен претрес на товарно моторно возило, во пакетите со банани кои биле превезувани за правното лице – сопственост на обвинетиот. Кокаинот бил спакуван во едно пакување во правоаголна форма, со две полиетиленски безбојни обвивки на кои имало ознаки и втиснато лого – глава на јарец.​

Станува збор за претходно оформен кривичен предмет во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за нелегална меѓународна трговија со наркотична дрога – кокаин, каде постапката се водеше против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Откако кривичната постапка беше запрена против едниот осомничен, списите од овој предмет за вториот осомничен беа доставени на понатамошно надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор