Утрински Весник
Македонија

Нуредини: Се реализира една од најважните препораки на УНЕСКО

Нуредини: Се реализира една од најважните препораки на УНЕСКО

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, како дел од посетата на општина Дебрца, заедно со градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и со претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации, (УНДП) денеска изврши увид во активностите за реставрација и пренасочување на природното речно корито на река Сатеска што се влева во река Црн Дрим.

dobivaj vesti na viber

“Преземаме конкретни активности како Министерство за имплементирање на нашите заложби за заштита на животната средина, а проектот за реставрација на коритото на река Сатеска и пренасочување во нејзиниот природен тек, покрај тоа што е една од клучните активности за зголемување на отпорноста на регионот кон климатски индуцираните ризици од поплави, има особено значење за нас во делот на конечно решавање на еколошкиот проблем од влијанието на сегашното корито и влив на река Сатеска во Охридско Езеро. Загадувањето на уникатниот Охридски екосистем е нотирано како клучен проблем и токму затоа наша должност и обврска е да го заштитиме и зачуваме природното и културно наследство на ова значајно УНЕСКО подрачје”, истакна министерот Нуредини.

Реставрацијата на коритото на река Сатеска и пренасочување во нејзиниот природен тек се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Министерството за животна средина и просторно планирање, како дел од регионалниот проект за интегрирано-климатски отпорно управување со ризиците од поплави во Дримскиот слив, финансиран од страна на Фондот за адаптации. Предвидено е целосно комплетирање на активностите кон крајот на месец март, 2023 година.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!