Утрински Весник
Македонија

„Нозете ми се тресат, ве молам да се собереме сите и да бараме секаде“, семејството на Аниса во очај, се бара помош за потрагата

„Нозете ми се тресат, ве молам да се собереме сите и да бараме секаде“, семејството на Аниса во очај, се бара помош за потрагата

Семејството на 12-годишната Аниса Ајро, не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред 3 дена.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот татко Енгин во очај вели дека досега никој ги нема контактирано да пријави некаква трага која ќе ги одведе во прегратките на нивното дете.

Семејството на Аниса ги мобилизира сите пријатели и добри луѓе кои би можеле да им помогнат за заедно да пребаруваат, со надеж дека девојчето ќе биде најдено.

Taткото апелира до целата јавност да се приклучи кон нивните напори.

„Ве молам, да се собереме сите – новинари, политичари, спортисти. Сите, сложно да станеме на нозе и заедно да ја најдеме Аниса. Ќе бараме секаде. Тешко ни е многу. Нозете ми се тресат кога зборувам“, рече таткото во изјава „Макфакс“.

Во врска со другото 15-годишно девојче, Мелица, кое истотака вчера беше пријавено за исчезнато, таткото на Аниса вели дека двете не биле другарки, туку познанички, а и за неа не се знае каде би можела да биде. Ја отфрла можноста дека девојчињата можеби побегнале заедно, бидејќи другото девојче е многу повозрасно.

„Макфакс“ објави дека Аниса Ајро последен пат била видена завчера на паузата во училишниот ходник. Тоа на таткото му го раскажала нејзина другарка која последен пат ја видела на тоа место. Од тогаш на девојчето му се губи секаква трага.

Енгин Ајро повика секој кој поседува некоја информација за Аниса да го контактира на телефонскиот број +389 72232 983.

Можете да прочитате

Во мојот случај со канцер, станува збор за лекарска грешка, сведочи онколошка пациентка во подкаст ЗРАК

(Видео) Подкаст ЗРАК: Секоја борба со канцерот е индивидуална и различа

Работна посета на Муцунски во Вашингтон, САД – продлабочување на билатералната соработка и привлекување нови инвестиции во фокусот на посетата