Таблоидите неодамна открија дека Мадона има ново момче, откако стави крај на кусата романса со моделот Ендрју Дарнел (23).
Според упатените, 64-годишната кралица на попот веќе неколку недели се гледа со борачот Џош Попер (29), кој го тренира нејзиниот син во сала за вежбање во Њујорк.
Извор близок до новиот пар тврди дека двајцата се во љубовна врска со недели.
Џош продавал животно осигурување пред пандемијата да го поттикне да ја отвори салата „Бредвинерс“ во квартот Флатирон на Менхетен пред речиси три години, каде што тренирало едно од шесте деца на Мадона.
Тој, исто така, се појави во најновата сезона на реалити-серијата на „Браво“, Summer House, која следи група од девет млади пријатели кои живеат во викендичка во Монтаук во Ист Хемптон.
Инсајдер изјави за „Пејџ сикс“: „Тоа со Ендру беше лежерна работа, така што таа не е со скршено срце. Тајмингот беше лош.“
„Таа има мала криза на самодоверба и ова не помага. Ѝ беше многу забавно со Ендру, но тоа не беше љубов или ништо слично.“
Мадона и Ендру започнаа врска по завршувањето на нејзината тригодишна врска со 28-годишниот танчер Ахламалик Вилијамс.