Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Новогодишни подароци од Халкбанк и празнична атмосфера споделени со дечињата со церебрална парализа од здружението Златни Ангели

Новогодишни подароци од Халкбанк и празнична атмосфера споделени со дечињата со церебрална парализа од здружението Златни Ангели
Img 7972

Децата со целебрална парализа кои заедно со нивните родители се дел од Советoт на родители на деца и лица со церебрална парализа Златни Ангели, имаа убава можност да ја видат и почувствуваат магичната атмосфера на еден од најубавите божиќни маркети во Европа и притоа да поминат едно убаво попладне во забава и дружба со најпознатото слонче Халки.

dobivaj vesti na viber

Во пресрет на Новогодишните празници, Халкбанк во рамките на своите општествено одговорни активности се потруди на овие деца да им овозможи да ја почувствуваат магијата и среќата, што вообичаено треба сите да ја чувствуваме за новогодишните празници, да ги развесели со убава атмосфера и подароци и да им покаже дека и тие се исто толку важни како што е важно секое дете во општеството.

„Празниците се важни бидејќи тоа се периоди кога споделуваме моменти на среќа, на радост и на хуманост. А ние како општествено одговорна компанија, овој пат, посакавме да ги споделиме радоста, нашето вниманиe, но и магичната атмосфера од најубавиот Божиќен маркет во Европа со прекрасните деца од здружението Златни Ангели. Преку оваа акција покрај радоста од разведрувањето на нивното расположение, тука е и радоста од поместувањето и проширувањето на сите непотребни граници. И тоа за нас е вистинска празнична магија која сакаме да ја делиме” вели Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Со новогодишната донација, Халкбанк ја честита и ја заокружува оваа 2022, како уште една година посветена на бројни социјално одговорни, и проекти насочени кон кревање на јавната свест и кон заштита на животната средина.

ПР

 

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди