Утрински Весник
Свет

Новогодишна честитка на Путин до Русите: „Се’ ќе биде во ред“

Putin3.webp.webp

Рускиот претседател, Владимир Путин, го повика населението да се обедини во новата година.

„Сигурен сум дека се’ ќе биде во ред. Ќе продолжиме само напред“, рече рускиот претседател во новогодишното обраќање.


Без да ја спомене војната против Украина која почна во 2022 година, Путин ги пофали руските војници кои моментално се во акција.

„Вие кои го презедовте овој голем товар сте вистински херои“, рече тој.

„Војниците ќе ја штитат Русија и ќе обезбедат безбедност и стабилен мир за рускиот народ“, додаде Путин.

Новогодишното обраќање на претседателот, кое траеше три и пол минути, се емитува во секоја од 11-те временски зони во земјата.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори