Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за ,,Пулс” одбраната продолжува со воведни обраќања

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.51 2.jpeg

Денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Денес на главната расправа продолжуваат воведните обраќања на одбраната на обвинетите.

Претходно, сите обвинети негираа вина за делата што им се ставаат на товар.

Првообвинетиот Дејан Јованов на последното рочиште изрази каење за пожарот упатувајќи сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

Пожарот во дискотеката Пулс е најголемата трагедија во независна Македонија каде загинаа 63 лица а над 200 беа повредени.

Можете да прочитате

Одбраната тврди дека 13-те мобилни не се на Камбери – вистинскиот сопственик сам се пријавил!

Одекна транспарент пред судницата: „63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара ПРАВДА“

Сиљановска-Давкова на Меѓународниот ден на лицата со попреченост во посета на училишнот ресурсен центар „Партенија Зографски”