Утрински Весник
Магазин

Ново приватно здравствено осигурување „ActiveCare” од Евроинс

Whatsapp image 2026 03 11 at 08.40.59.jpeg

Осигурителната компанија Евроинс претстави на пазарот нов пакет за приватно здравствено осигурување „ActiveCare“, кој има за цел да понуди поголема предвидливост и транспарентност на пазарот, во период кога интересот за приватно здравствено осигурување континуирано расте.

ActiveCare е дизајниран како одговор на реалните потреби на осигурениците, со акцент на специјалистичко-консултативните прегледи и амбулантското лекување, сегмент кој најчесто се користи од клиентите. Пакетот нуди највисок годишен лимит за оваа категорија, без франшиза, како и покритие за болничко лекување со директна исплата кон најпознатите здравствените установи како Систина, Жан Митрев, Ремедика и други.


„Пазарот денес е во фаза кога клиентите не бараат само полиса, туку решение кое ќе функционира тогаш кога им е најпотребно. Со ActiveCare направивме внимателен баланс помеѓу одржливоста на продуктот и реалните очекувања на корисниците. Наместо комплексни процедури и административни ограничувања, се фокусиравме на јасни правила, високи лимити таму каде што навистина се користи полисата и директна исплата кон болниците,“ изјави Ралица Губерова, Извршен директор на Евроинс Осигурување АД Скопје.

Покрај специјалистичките услуги, болничкото лекување и операциите, ActiveCare вклучува и покритие за бременост, влезна возраст до 59 години, како и широк спектар дополнителни услуги како психологија, стоматологија, физиотерапија и лекови. Дел од концептот на пакетот е и поттикнување на активен однос кон здравјето, преку вклучен лимит за превентивни прегледи, како и FitKit кредити во вредност од 3.000 денари, кои можат да се користат во спортски и фитнес центри низ државата.

ActiveCare е достапен за склучување едноставно и целосно онлајн преку дигиталната платформа за споредба на осигурителни пакети Kompa.mk. Увидот на Компа во реалните барања и предизвици на клиентите поврзани со приватното здравствено осигурување беше од голема помош во дефинирањето на структурата на пакетот.

„Во изминатите години преку Компа анализиравме стотици барања за приватно здравствено осигурување и јасен беше заклучокот дека најголемиот предизвик за корисниците не е цената, туку неизвесноста дали навистина ќе бидат покриени кога ќе им затреба. Овие сознанија ги споделивме со Евроинс, а компанијата ги преточи во пакет кој со задоволство дигитално ќе го дистрибуираме, бидејќи знаеме дека одговара на реалните барања на клиентите,“ изјави Дарјан Раденковиќ, основач на Компа.

Со лансирањето на ActiveCare, Евроинс најавува понатамошен фокус на развој на одржливи и модерни осигурителни решенија, прилагодени на потребите на современите корисници и на дигиталната достапност на услугите. Од компанијата најавуваат дека наскоро ќе биде лансиран и уште еден иновативен продукт – Мини Каско, кој на возачите за минимална премија им овозможува поправка на сопственото возило во случај кога тие се виновни за сообраќајна штета, но и нивното возило е оштетено.

Повеќе информации за пакетот ActiveCare се достапни преку продажната мрежа на Евроинс и на платформата Kompa.mk.

ПР Текст

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 11 март 2026

Signal и WhatsApp под удар на хакери поврзани со Русија

„МЕЛАНИЈА“: По слабата заработка во кината, документарецот се сели на „Амазон Прајм“