Утрински Весник
Спорт

Ново изненадување во Рим: Крај за Рубљов

3967464 80543988 2560 1440.jpg

Изненадувањата на Мастерсот во Рим се редат како на лента – по Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, турнирот го завршува и шампионот од Мадрид, Русинот Андреј Рубљов, кој во третото коло по пресврт беше поразен од францускиот квалификант Александар Милер, 109. играч на АТП листата (3:6), 6:3, 6:2).

Рубљов по Мастерсот во Мадрид се пожали дека има проблеми со вирусот, а сето тоа остави трага што Милер ја искористи и стигна до голема победа и пласман во осминафиналето.

За разлика од Рубљов, Гркот Стефанос Циципас ја оправда улогата на фаворит и го совлада Британецот Камерон Нори со 6:2, 7:6. Ривал на осмиот светски тенисер во борбата за четвртфиналето ќе му биде Австралиецот Алекс Де Минор, кој со 6:7, 6:4, 6:4 го совлада финалистот од Мадрид, Канаѓанецот Феликс Огер Алиас.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024