Утрински Весник
Македонија

Новите станови остануваат со 5% данок до 2028 година

Stanovi.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Олеснување за сите граѓани кои планираат да купат нов дом. Пред Нова година, Собранието ги усвои измените на Законот за данок на додадена вредност, со кои се спречува драстичен раст на цените на недвижностите и се обезбедува поголема предвидливост на пазарот.

Министерството за финансии потврди дека повластената даночна стапка од 5 отсто за новоизградени станови, која требаше да истече на 31 декември 2025 година, ќе продолжи да важи и во наредните три години, односно до крајот на 2028 година.

Доколку оваа мерка не беше продолжена, од 1 јануари 2026 година данокот ќе се враќаше на редовната стапка од 18 отсто, што ќе значеше автоматско поскапување на новите станови за најмалку 13 проценти. Практично, стан со цена од 100.000 евра би бил поскап за дополнителни 13.000 евра.

Со новоусвоените измени, повластената стапка од 5 отсто ќе продолжи да важи за првиот промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели. Мерката ќе се применува за промет што ќе се изврши во рок од пет години по изградбата на објектот, а ќе важи во периодот од 1 јануари 2026 до 31 декември 2028 година.

Одлуката се оценува како значаен чекор кон стабилизација на пазарот на недвижности, обезбедувајќи сигурност и за купувачите и за градежните компании, како и подобро планирање на инвестициите во среднорочен период.

Можете да прочитате

Бадникова манифестација и оваа година ќе се одржи на 6 јануари

Филипче: 161 тендер за една компанија, власта се грижи само за тендери 

Алиу најави системски реформи во здравството