Утрински Весник
Македонија

Новиот топлотен бран пристигнува: Тропски денови и ноќи со температури до 40°C!

Toplo vreme.jpg

Од денес се зголемуваат температурите. Започнува нов топлотен бран.

За викендот и во текот на следната недела времето ќе биде многу топло, температурите главно над 35 степени, локално дури и до 40. Метеоролозите за денес поради високите температури активираше жолт и портокалов метеоаларм.


Се очекува прилив на топол воздух од југозапад. Топлата воздушна маса се протега од северна Африка, преку Медитеранот до нас и ќе ни донесе температури над просекот.

Времето во петок ќе биде целосно сончево. Небото ведро, без облаци, па индексот на УВ зрачење ќе биде многу висок. Препорака е да се престојува во сенка или внатре во најтоплиот дел од денот од 11 до 17 часот. Денеска ќе биде мирно, речиси без ветер. Максималната температура ќе биде од 32 до 34-35 степени.

Без промени во времето во наредните денови. Викендот носи многу топло и сончево време и температури над 35 степени. Исто така, слично време ќе продолжи и на почетокот од следната недела. Топло, сончево, задушливо, без дожд. Температурите локално ќе се искачат и до околу 40 степени. Од недела покрај тропските денови, се очекуваат и тропски ноќи.

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлација од 4,8 отсто, властите да ги прифатат нашите предлози за укинување на ДДВ за храна

Влен: Бујар Османи и во МНР спроведувал сомнителни и криминални тендери!?

24 години од масакрот кај Карпалак – сеќавање на загинатите бранители