Утрински Весник
Спорт

Новиот шампион на Англија е Манчестер Сити

Img 8269.jpeg

Фудбалерите на Манчестер Сити ја освоија новата шампионска титула во Премиер лигата, после победата на „Граѓаните“ над Вест Хем со 3:1.

„Граѓаните“ пред оваа средба имаа два бода повеќе од Арсенал, па им беше потребна победа за дефинитивно да ја освојат шампионската титула.

На крајот тоа го направија избраниците на Пеп Гвардиола кои победија со 3:1 против „Чеканите“, а главен актер беше Фил Фоден, кој неодамна беше прогласен за најдобар играч во лигата оваа сезона.

Фоден погоди најпрвин во втората, а потоа и во 18. минута, а потоа во 51. минута и Родри. Гостите од Лондон успеаја само да намалат во 42. минута, благодарение на мајсторијата на Мохамед Кудус, кој постигна гол со ножички.

Треба да се истакне и дека Арсенал победи во натпреварот против Евертон со 2:1, но немаше доволно среќа да се соочи со киксот на Сити.

Инаку, ова е десетта шампионска титула на Англија за Сити, како и четврта во низа, по освоените во сезоните 2020/21, 2021/22. и 2022/23.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ