Утрински Весник
Македонија

Новиот датум на Пиволенд е од трети до седми септември

Новиот датум на Пиволенд е од  трети до седми септември

Големото невреме кое го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата- Пиволенд 2022.

dobivaj vesti na viber

Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 03ти септември (сабота), а ќе трае до 07ми септември (среда), информира организаторот.

Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи.

Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци