Утрински Весник
Македонија

Новинарот Салиу ден пред да биде уапсен: Бизнисмени се жалат дека плаќаат рекет на градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Saliu.jpg

„Не можевме да го потврдиме, бидејќи се плашеа бизнисмените, но доаѓаат и ми плачат во канцеларија дека мора 50-50 да делат со одреден градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ“ откри новинарот Фуркан Салиу во гостувањето на „Инфомакс“ во саботата, ден пред да биде уапсен.

Тој кажа дека се понудил да постават камери и да го снимаат рекетот, но биле исплашени дека така можеби ќе им го затворат бизнисот.

„Тоа се случува навистина, луѓето плачат, викаат мора рекет да плаќаат во општина“ рече Салиу за „Инфомакс“.

Новинарот Салиу минатата недела го објави оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ со кој се предвидува креирање на лажни вести, лажни анкети, но и злоупотреба на податоци од државните институции со цел добивање на гласови. Вчера попладнето тој беше уапсен на фудбалски натрепвар од страна на специјалци на ЕБР, по наредба на началници поставени од техничкиот министер за внатрешни работи поставен од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат