Утрински Весник
Македонија

Новинарите ќе се приклучат на утрешниот работнички протест

Znm ssnm slika logoa za soopstenie 1024x724 1 e1769532850480.png

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најави дека ќе се приклучи на работничкиот протест закажан утре. Нивното барање е итно зголемување на минималната плата, како и корективно покачување на платите во медиумскиот сектор.

Одлуката била донесена на состанок на Извршниот одбор на ССНМ, при што синдикатот ги повика своите членови да дадат целосна поддршка на барањата за подобрување на економската положба на работниците. Протестот, на кој повикува Сојузот на синдикати, е закажан за среда во 17 часот, а од ССНМ оценуваат дека станува збор за достоинствен и легитимен израз на работничкото незадоволство.

Според податоците од анкетата спроведена од ССНМ и Институтот РЕСИС во 2024 година, повеќе од половина од вработените во медиумите земаат плата под државниот просек, додека речиси една третина од новинарите, камермани, монтажери, дизајнери и други медиумски работници се платени со минимална плата. Овие бројки, според синдикатот, укажуваат на длабок структурен проблем во медиумската индустрија.

Можете да прочитате

Блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата поради протест на возачи на камиони

Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи со зборови и во пракса во водење на отворен дијалог

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите