Утрински Весник
Свет

Новинар од САД убиен пред неговата куќа

Новинар од САД убиен пред неговата куќа

Истражувачкиот новинар Џеф Герман бил избоден до смрт пред неговиот дом во Лас Вегас, а полицијата трага по осомничениот напаѓач, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека Џерман (69), кој има германско потекло, бил пронајден мртов со убодни рани откако инцидентот бил пријавен во итната помош, пренесе АП, а пренесува Танјуг.

Во соопштението се вели дека сите индиции се дека Џерман се расправал со друго лице пред нападот, за кој се верува дека е изолиран инцидент.

– Веруваме дека тепачката се случила пред неговата куќа. Имаме одредени траги и потрагата по осомничениот е во тек – изјави Дори Корен од полицијата.

Џерман работеше 12 години за „Ревиз џурнал“, а пред тоа помина две децении работејќи за „Лас Вегас Дрим“.

Тој беше колумнист и известувач и често изложуваше политички малверзации и скандали, според Асошиејтед прес.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина