Утрински Весник
Балкан

Новинар и презентер на Би-би-си исчезна на грчкиот остров Сими

20240607091248 Big 730x400 62.webp.webp

Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, исчезна на малиот грчки остров Сими, а во тек е потрага за негово пронаоѓање, јави дописничката на МИА од Атина.

Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, а според медиумите, во средата попладне му се изгубила трагата, додека случајот беше објавен вчера попладне.

Веднаш откако било пријавено дека 67-годишниот новинар не се вратил во хотелот каде што престојувал, започнала и потрагата на полицијата и противпожарната служба со дрон и хеликоптери, како и волонтери од островот.

Во средата, Мосли, заедно со сопругата и уште еднa двојка, како што пишуваат медиумите, со чамец заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови.

-Жештината беше неподнослива и лесно може да ти се слоши во такви услови. Сакаше пеш да се врати од плажа, но ова е растојание од околу час и половина и можеби користел одредени рути за да пресече пат“, рече градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас за „Катимерини“.

Според истите информации во медиумите и Мосли и неговата сопруга не ги носеле со нив мобилните телефони.

Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата