
Февруари и март се месеците кога илјадници компании доставуваат завршна сметка.
Но оваа година и компаниите и сметководителите ги дочекаа нови зголемени трошоци кон Централниот регистар.
Така, ако за завршна сметка тропоците до декември минатата година изнесуваа под 3.000 денари (2.998) сега таа ставка изнесува 3.600 денари, што е зголемување за 20%.
Меѓу 20 и 35 проценти зглемени се и уште десеттина други ставки како Упис на основање во хартиена форма од 2.537 на 2.952 денари, промена на уписот која чинеше 1.603 денари, сега чини 1.930 денари, додека уписот на бришење од 1.302 денари е зголемен на 1.570 денари.
За дваесеттина проценти зголемени се и тарифите кои се однесуваат на Регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење на дејност.