Утрински Весник
Македонија

Нови термини во две смени, од утре се пушта нов апарат за Магнетна резонанца во поликлиника Идадија

Poliklinika Idadija 1024x576 1.jpg

Утре 03.10.2024 година (четврток) во 10:00 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со Министерот за здравство Арбен Таравари ќе присуствуваат на пуштање на нов апарат за Магнетна резонанца во поликлиника Идадија во Здравствен Дом во Скопје.

ЈЗУ Здравствен дом Скопје овозможува примарна, превентивна, секундарно- специјалистичка здравствена заштита и 24 часовна итна медицинска помош за граѓаните на град Скопје и околните населени места.

Со цел јакнење на капацитетите во делот на специјалистичките служби, во Поликлиника Идадија во рамки на ЗД Скопје од 17.07.2024 година е пуштен во употреба апарат за магнетна резонанца.

Апаратот е набавен од сопствени средства на ЈЗУ Здравствен дом Скопје во износ од 83.455.500 ден со ДДВ.

Апаратот магнетна резонанца од медицински аспект претставува врв во дијагностиката кој дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, која употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката.

Термините се креирани во една смена од 7:30 до 13:30 часот, но планирано е отворање термини во две смени.

Откако е пуштен во употреба апаратот за магнетна резонанца, дефинирани се вкупно 476 термини за снимање.

Можете да прочитате

СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство

Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани